Како пчелата работничка станува матица

Пчелите имаат многу суров хиерархиски систем. Од илјадниците пчели кои се наоѓаат во кошницата, скоро сите се пчели работнички. Тие целиот свој живот работат, вклучувајќи градење на кошницата, хранење на матицата чување на малите пчелки, собирање полен. Во текот на зимата работничките може да живеат од 4 до 8 месеци, но работничките родени на лето живеат само 6 недели. Причината за ова е смрт од исцрпеност.

За разлика од работничките, трутовите ги има значително помалку во кошницата. Тие служат само да ја спарат матицата, обично во летниот период. Потоа или умираат или се исфрлени на „улица“ во текот на есента за да направат место за новиот потомок.

Кралското желе

И се разбира на крајот доаѓа матицата. Таа може да живее и до 5 години и има САМО ЕДНА матица по кошница. Снесува по 2000 јајца на ден. И сето ова може да го постигне само конзумирајки посебна супстанца направена од пчелите работничи, тајна состојка, која се нарекува ROYAL JELLY или кралско желе. Во текот на животот во кошницата се случува матицата да умре. Тогаш нормално мора да се направи замена и на местото на старата матица да дојде нова. Науката позади овој феномен како една обична пчела станува матица и зошто баш таа е одбрана, сеуште нема објаснување.

Едно е сигурно. Кралското желе ја игра најголемата улога во создавањето на следната матица. Излачено од жлездите на пчелите работнички наречена хипофаринкс, желето го содржи најјакиот нутриентски сок составен од најбитните елементи за развој вклучувајќи мед, нектар, протеини, масти, шеќери, витамини како Б2, хормони и минерални елементи како калиум, железо, магнезиум и калциум.

Мала, но огромна разлика

После 3 дена пчелите работнички избираат неколку од ларвите и почнуваат да ги хранат со кралското желе, додека останатите ларви се прихранувани со далеку послеби нутриенти. Кралското желе вклучува и создавање на други органи кај пчелата која се создава да биде матица, како на пример овариум кој служи за несење јајца. Кога матицата се раѓа, прво ја пребарува кошницата во случај да има друга матица. Доколку има, тие се тепаат до смрт се додека не остане само една. Доколку намириса дека се хранат ларви со кралското желе, таа и ларвите ги убива.

Но прашањето како се бираат ларвите на идните матици е веќе до некаде откриено иако генетиката на пчелите работнички и матиците е скоро идентична. Истражувањата покажале дека матиците сепак се разликуваат во некои протеини кои ја прават таа огромна разлика на крајот. Во 2011 година научниците го откриваат протеинот РОЈАЛАКТИН кој во комбинација со другите нутриенти ја претвораат ларвата во матица исто како кралското желе. После раѓањето, матиците продолжуваат да јадат од кралското желе до крајот на нивниот живот. После кажете исхраната не била битна.

 

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.