Избор за трактор на годината 2018

Ако до сега сте сметале дека земјоделието е досадно и дека целата фама околу моторните возила и машините се врти околу автомобилите, не сте во право. Како што секоја година се одржува избор за автомобил на годината, и во земјоделието се делат награди за трактор на годината.

Трактор на годината е меѓународна награда што секоја година група независни новинари – специјализирана за земјоделска механизација – го дава најдобриот трактор на европскиот пазар.
Интернационалното жири е составено од 24 уреднички проекти, вклучувајќи ги сите медиуми како што се хартиени списанија, веб-страници, земјоделски телевизиски емисии, социјални мрежи и така натаму.

За 2018 година е избран тракторот – Valtra T254 SmartTouch – кој ја зема и наградата за најдобар дизајн за 2018 година.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и видеото од победникот и финалистите.

   

Други финалисти:

Case Ih Quadtrac 540 Cvx      Claas Arion 660     John Deere 6250 R     New Holland T 6.175 DC

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.