Цената на ванилата највисока по ударот на циклонот на Мадагаскар

Производителите на сладолед и торти се надеваат на пониски  цени на ванилата. Но разочарувањето сепак ќе биде од епски размери. Неизвесноста околу културата оваа година кај најголемиот производител на ванила во светот, Мадагаскар, ја однесе цената на рекорднo ниво.

Цената на ванилата порасна на рекордно високо ниво. Мадагаскар, светскиот број еден производител на ванила, се бори со штетата што ја предизвика циклонот Енаво.

Користена во сладолед, чоколада и парфем, ванилинките се продаваат на највисоко ниво од 600 долари за килограм. Според Крег Нилсен од американската групација за ванила и арома Нилсен Меси, ванилата уште долго време ќе држи висока цена.

Ванилата не се тргува со размена. Цените на ванилата, веќе се зголемија во текот на изминатата година, благодарение на зголемената побарувачка. Повеќе потрошувачи ги избегнуваат вештачките ароми и состојки. Цената се искачи од околу 100 долари за килограм во 2015 година. Цената на почетокот на 2018 година се искачи на  450 до 500 американски долари.

Ванилата и економијата

“Залихите веќе беа веќе исцрпени, а сега имаме штета предизвикана и од циклонот”, рече Нилсен. “Тоа ќе биде тешко време [за пазарот на ванила] во следните неколку години.”

Тоа беше ставот што го повтори Лоренс Курциус, главен извршен директор на McCormick, компанија за зачин и прехранбени состојки на САД. Тој им кажа на инвеститорите за резултатите од првиот квартал на компанијата и рече дека “високи цени на ванила продолжуваат сигурно и во 2018 година”.

Ванилата како растение расте од тропската ванилина лоза, и потребни се околу три години за растението да созрее и да произведе ванилини гравчиња. За разлика од културите кои се собираат на годишно ниво, за оваа: “нема брзо отскокнување”, додаде извршениот директор на McCormick.

Циклонот Енаво

Циклонот Енаво расели речиси 500.000 луѓе откако го погоди островот од источниот брег на Африка минатиот месец. ОН минатата недела предупреди дека земјоделското оштетување “почнува да влијае на социо-економската ситуација на северо-исток”. Од ОН изјавија дека складираните ванилинки се украдени, како и цената на основната храна е зголемена како резултат на целокупната ситуација.

Мадагаскар држи околу 80 до 85 % од светското производство на ванила. Други производители се Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Уганда и Индија- сите заедно од 15 до 20 %.

Еврованила, француска компанија за ванила, проценува дека загубите во производството на тропскиот остров изнесуваат околу 20 проценти на зелен ванилин, пред да бидат преработени, за 2017 година. Минатата година производството беше погодено од суша. Трговците се надеваа дека ќе закрепне во 2017 година. Циклонот веќе го направи своето со уништување на голем дел од културата.

Производителите на чоколада, сладолед и торти

Ова ќе биде тешко време [за пазарот на ванила] за следните неколку години.- Вели Крег Нилсен

“Најголемото прашање ќе биде квалитетот”, вели Мелани Легрис, менаџер за продажба и маркетинг во Еурованила.

Тоа покажува на поголем притисок врз цените на големите прехранбени компании, вклучувајќи ги и Нестле и Херши. Тие велат дека ќе користат природни ароми. Ова доведува до зголемена потрага по нови извори на природни ароми на ванила. Околу 90 проценти од вкусот на ванилата што го користат светските производители на слатки, торти и сладоледи е синтетички, главно изведен од нафта и цената му е едно делче од вистинската ванила извлечена од ванилините гравчиња.

Трговците со ванила и компаниите за арома обезбедуваат помош и донации за Мадагаскар. Јавната инфраструктура на островот е сериозно оштетена, со прекин на електрична енергија и телефонски услуги. Нилсен-Меси изјави дека донирала 50.000 долари, додека швајцарската какао и чоколадна група Бари Калебаут и група за ароми “Прова”, кои имаат заеднички проект на Мадагаскар, велат дека двете компании донирале милиони фунти за поддршка на локалните земјоделци.https://www.ft.com/content/e0e2fc16-28db-11e7-bc4b-5528796fe35c

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.