Фарми со најголема површина на планетата

Можеби нема да ви се верува, но некои фарми во светот се толку големи, што би можеле да ја покриат цела Португалија. Кога би размислиле логично, тоа би требало да бидат фарми во држави со најголемо население. За да може да се прехрани целото население, се создаваат огрмни површини. Во продолжение ќе ги разгледаме најголемите фарми на планетата, каде се лоцирани и што се произведува на нив.

Земјоделство низ светот

Луѓето создавале фарми, одгледувале и одгледуваат култури со илјадници години. Со текот на времето стануваат експерти за производство на поголем принос. Земјоделството е од витално значење за хранење на светското население и е клучна компонента за економијата на многу земји. Британската земјоделска револуција ја донесе механизацијата на земјоделството. 20-тиот век го донесе тракторот на гас и во исто време, развој на концентрирани операции за хранење на животните. Од тоа време, фармите продолжија да растат и да се фокусираат на производство на повеќе за помалку за да ја задоволат растечката глобална побарувачка за овошје, зеленчук, житарици, млечни производи и месо. Всушност, некои станаа толку големи што сега се сметаат за мега-фарми.

Кинески фарми

Од далеку, најголемата фарма во светот (во однос на површина) е Mudanjiang City Mega Farm во Heilongjiang, Кина. Оваа восхитувачка фарма управува со 22.500.000 ари. Mudanjiang City Mega Farm е специјализирана за млечни производи и има околу 100.000 крави. Колку за споредба, таа е 50 пати поголема од најголемата млекарница во Европа. Нејзиното проширување се случи во 2015 година како одговор на руската забрана за млечни производи од ЕУ. Кина засили да ја исполни таа потреба.

Втората по големина фарма во светот исто така се наоѓа во Кина. Modern Dairy се наоѓа во Anhui и има површина од 11.000.000 ари, што е помалку од половина од големината на фармата Mudanjiang. Оваа фарма започна со работа во 2011 година и во тоа време беше најголемата фарма во светот со 40.000 крави. Во 2014 година, Modern Dairy претрпе загуби на пазарот, бидејќи беше обвинета за продажба на туберкулозни и болни крави и говеда.

Австралиските фарми

Останатите големи фарми во светот се сите во Австралија. Третата по големина во светот и најголемата во Австралија е Anna Creek во Јужна Австралија. Anna Creek има површина од 6.000.000 ари, земја што е поголема од Израел. Над 17.000 грла говеда се одгледуваат овде за да останат во чекор со барањата за говедско месо, што ја прави оваа фарма најголем производител на говедско месо во светот.

Број 4 на листата е фармата Clifton Hills, која исто така се наоѓа во Јужна Австралија и работи на 4.200.000 ари. Оваа фарма за говеда била основани во 1876 година, кога имале  само 1.000 крави.

По Clifton Hills е фармата Alexandria со 4.000.000 ари. Оваа фарма за производство на говеда се наоѓа во Северната територија и е во сопственост на Северно-австралиската апостолска компанија од 1877 година. 50 вработени живеат на имотот и се грижат за 55.000 крави што овде пасат. Во последниве години, имотот претрпе големи поплави во два наврати.

Други фарми во Австралија, кои се сметаат за најголеми во светот, се:

Davenport Downs во Queensland (3,700,000 ари),

Home Valley во Western Australia (3,500,000 ари),

Innamincka во South Australia (3,340,000 ари),

Wave Hill во Northern Territory (3,330,000 ари),

Marion Downs во Queensland (3,070,000 ари).

Колку за споредба, Македонија е 25.713 км2. Најголемата фарма во Кина преведено во км2 би изнесувало 101.171 км2, што би значело дека таа фарма е „само“ 4 пати поголема од целата територија на Република Македонија.

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.