Како да го пиете и вистински го искусите црвеното вино

Црвеното вино е веројатно најпопуларниот избор на вино ширум светот. Со толку многу варијации, мешавини и вкус профили, се чини дека нема крај на потенцијалните креации и стилови на црвено вино. Со векови, луѓето создаваат црвени вина и експериментираат со своите техники за производство на широк спектар на вина.

6 совети како да го искусите црвеното вино

Со толку широк спектар на црвени вински видови достапни ширум светот, може да биде малку застрашувачки да се седне пред црвеното вино. Подолу, ќе изложиме некои основни начела. Основен дескриптивен водич кој може да ви помогне преку процесот не само на пиење, туку и навистина да го дожиевеете и духовно да се внесете во пиењето на чашата црвено вино што стои пред вас.

Црвено вино
Следејќи ги овие совети за дегустација, ќе имате поголема веројатноста да го откриете најдоброто црвено вино што ќе одговара на вашето непце.

1. Погледнете ја етикетата

Дури и ако знаете многу малку за црвените вина, можете да научите многу. Едноставно внимателно гледајќи и читајќи ја етикетата на шишето. Ако сте во посета на некое лозје и ги дегустирате нивните понуди, дознајте од каде доаѓа грозјето. Но, ако купувате вино во продавница или во ресторан и сакате да направите мудар избор, знаејќи го изворот на виното е добро место за почеток.

Што точно барате? Еве неколку основи:

  • Поладни клими:
    Овие области имаат тенденција да произведуваат полесни вина и со полесен вкус. Ова е случај за земји како што се северна Франција, Германија, Чиле, северна Италија или северозападниот регион на Пацификот на САД.
  • Потоплите клими:
    Лозјата и вината произведени во региони со потопла клима се секогаш потешки. Тие се со поинтензивен вкус од оние излезени од поладна клима. Некои од овие области се Аргентина, Калифорнија и јужна Франција.

Се разбира, ова е многу широко објаснување и секогаш ќе има исклучоци од овие правила. Општо земено, вино производителите сакаат да создаваат вина кои дегустаторите не би ги очекувале за тој регион. Микроклимата или варијациите на почвата може да имаат многу големо влијание врз грозјето одгледувано во овие области. На крајот на краиштата, овие мали нијанси ќе го променат целокупниот профил на виното.

2. Стаклени производи (чаши)

Пред да го вкусите виното, не заборавајте да ја изберете вистинското чаша за видот црвено вино што ќе го пиете. Сите црвени најдобро се дегустираат и искусуваат во големи  заоблени чаши.

Сепак, полесните црвени вина се искусуваат во пократки чаши со цел вашиот нос да биде поблиску до виното. Појаките црвени вина обично одат во малку повисока чаша. Таа обезбедува повеќе простор за интензивните ароми да се движат во неа, пред да стигнат до носот.

3. Налејте и провртете

Откако виното е оставено малку да дише, можете слободно да налеете малку во чашата . И овој дел се ужива и грижливо се работи.

Додека го налевате виното во чашата, не заборавајте да забележите некои видливи факти за него. Обидете се да го набљудувате следново:

Дали е тоа многу лепливо?
Дали ги бои страните на чашата кога го налевате?
Каков вкус очекувате од виното врз база на тоа што сте набљудувале?
Сега нежно провртете го виното во чашата. Забележете го телото на црвено вино, густината и дали постојат раски кои лебдат наоколу. Вината што се речиси нетранспарентни обично доаѓаат од регионите со топли временски услови. На ним им е дозволено само кратко време за стареење.  Доколку при провртување на виното остава “нозе” на страните на стаклото, ова може да биде показател за нивото на алкохол или сладост на виното.

4. Мириснете го

Сега е време да го идентификуваме виното со тоа што ќе го држиме носот во чашата и длабоко ке вдишеме за потполно да ги осетиме аромите на виното. Обидете се да го доближете вашиот нос доволно блиску до работ на чашата каде би можеле да добиете јасен мирис. Постојат три нивоа на ароми кои може да ги забележите кога го мирисате виното:

Прво, ќе го добиете главниот мирис, кој, најверојатно, ќе биде базиран на овошје. Обидете се да го најдете мирисот после овошјето, оној секундарниот. Дали чувствувате какви било плодови како што се капини, јагоди или рибизли? Затворете ги очите и обидете се да го идентификувате она што го мириса вашиот нос. Што е различно од она што ви го кажува вашиот прв инстинкт. Обидете се да го опишете мирисот што е можно поцелосно: Дали е интензивен? Сладок?

Второ, може да најдете навестувања за вкусовите создадени за време на процесот на производство на вино. Некои заеднички ароми што може да ги почувствувате се ружата, ванилата, бибер или нане. Сето ова си бара пракса пред да ги почувствувате овие суптилни нивоа, но тоа е вештина што на крајот ќе се развие.
Конечно, завршната забелешка за аромата на виното може да биде одраз на садот за стареење, како што е дабот. Овде можете да добиете краток мирис на кожа, чад или кафе.

5. Дајте му вкус

На крај, може да се напиете една малa голтка. Но, почекајте! Не го голтајте веднаш.

Вртете го виното наоколу во устата и на јазикот за момент. Обидете се да оцените дали виното е слатко, или има многу танини. Или, можеби ова црвено вино има некој друг интензивен вкус што не го очекувавте. Дали виното останува во вашата уста и ви помага подобро да ги разберете некои од забелешките погоре претставени?

Проголтајте и анализира го вкусот
Откако ќе го голтнете виното, обрнете внимание на вкусот, и колку долго вкусот ќе се задржи на вашето непце. Ова е карактеристичен момент на црвено вино.

Или, плукнете.
Звучи лудо, нели? Но, прашајте некој сомелиер и тие ќе ви препорача да го направите токму тоа. Никој нема да биде навреден ако го заради тој потег. И многу водичи за дегустација на црвени вина нема да го споменат ова како опција. Причината зошто треба да  го исплукате виното е тоа што ви овозможува целосно да ги анализирате и споредите различните видови црвено вино и да го направите тоа без да бидете премногу пијани. Ќе ги задржите сетилата непроменети и попрецизно ќе ги анализирате. Меѓутоа сево ова води кон едно повисоко ниво на дегустација. Ние што го почитуваме и сакаме и уживаме во виното, може да поминеме без овој дел. Но доколку сакате да експериментирате и да навлезете подлабоко во дегустација, ова е сосема природно.

6. Спарување со храна

Сега, кога знаете кој стил на црвено вино најдобро одговара на вашето непце, следно е да ја фокусираме нашата енергија на создавање прекрасен оброк за да биде дополнување на виното. Светло црвените вина може да одат убаво со живина, но потешките црвени вина се посоодветни за говедско или свинско месо. Можете да искомбинирате богати морски плодови како рак со светло црвено вино, но обично морската храна најдобро оди со бели вина.

Имајте на ум дека други тешки јадења – како тестенини – се добро прилагодени за спарување со црвено вино. Сепак, обидете се да избегнете аспарагус, зеленика и зелен грав, бидејќи би било тешко да се најде вино што добро се вклопува со овој зеленчук.

Остручувањето во уживањето на црвено вино може да потрае малку, но, за среќа, повторувањето е пријатно и вкусно. Со овој водич за дегустација во рака, треба да се чувствувате уверени и малку повеќе подготвени да го истражувате светот на црвено вино.

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.