High Garden Tea House: Билно Wellness светилиште

Во High Garden Woodland Tea House & Sipping Apothecary, Leah and Joel Larabell ја делат нивната љубов за билки и чај во спокојна wellness чајџилница која се наоѓа во Источен Нешвил, Тенеси.

Лија работи со билки поголемиот дел од нејзиниот живот. Нивните бенефити и благосостојбата која ја даваат била таа почетна искра да почне да се занимава професионално. Таа го изградила своето познавање на билките преку насочена студија со сертифицираниот професионален медицински херболог Лиза Беднер, која ја научила Лија за традиционалните индијански чаеви кои потекнуваат и ги користело племето Тиханама. Набргу потоа, во 2007 година, Лија стана позната помеѓу блиските и пријателите по правењето вкусни и лековити чаеви. Потоа ги продолжува студиите на оваа тематика со хербологот Дарил Патон.

Почеток и раѓање на бизнисот

Почетоците на секој чесен бизнис се спори и тешки. Лија почнала да ги снабдува рестораните со нејзините билни мешавини. Подоцна, во 2012 година, таа и Џоел отвориле продавница за чај од 75 квадратни метри. Големата побарувачка за нивните билки и чаеви предизвикала потреба да се преселат во поголем простор. Во исто време се раѓа желбата за место каде што луѓето би можеле да седат и да се релаксираат; така што во 2016 година се преселиле на нивната тековна локација, чајџилница од 600 квадратни метри.

Атмосферата

“Сакавме место каде што луѓето ќе можат да седат со часови”, рече Лија. “Тоа е таа длабока врска која сите ја сакаме, особено кога стануваме поделени во нашите домови, автомобили и канцеларии – постои длабок повик за повторно поврзување”.

Смирувачката атмосфера на High Garden и нејзиниот топол и шармантен рустикален шумски декор привлекуваат многу клиенти. Луѓето читаат, создаваат уметност, пишуваат поезија и разговараат едни со други. Нема Wi-Fi, така што лаптопите не се дел од околината.

Билките

“Навистина е важно за нас да ги купиме најдобрите билки”, вели Лија. Тие издвојуваат билки од околу 10 органски, природно одгледувани и етички извори од природата. High Garden нуди 80 билни мешавини. Лија, може да направи и “хербален спој” за клиенти кои бараат сопствени мешавини.

Кога е време за избор на чајот, Џоел работи директно со одгледувачите што е можно повеќе.

“Од првиот ден сме поврзани со незачинети, висококвалитетни чајни листови”, рече Џоел.

Џоел купува зелен чај од две мали градини од Уџи во јапонската покраина Кјото. Работи директно и со неколку градини од Тајван и има пријател кој му помага да се поврзе со одгледувачите. Истиот пристап го има со одгледувачите од Индија. Лија и Џоел прават една многу хумана работа, а таа е тоа што купуваат чај од луѓе кои имаат мали семејни бизниси помагајки ги нив без да ги дава своите пари на огромните корпорации кои ниту даваат квалитет ниту ги интересира за останатата популација.

Во што е убавината?

Чајџилницата има и дел за комбуха. Нивниот пријател, Ендрју Кингери, ги користи своите комбуха вештини за подготовка. Лија работи со него за да формулира ферментирани ботанички варилни. Друг пријател, Ким Вајт, прави кактус кефир.

High Garden нуди месечни работилници во кои Леа ја споделува својата експертиза, а Џоел ги учи луѓето за чајот.

“Ова е начин да се продлабочи врската на луѓето и нивото на удобност со овие растенија”, рече Лија.

Тие го избегнуваа опортунистичкиот приод кон бизнисот.

“Убаво е да не се фатиме во она што е современиот бизнис”, рече Лија. “Бизнис не мора само да биде бизнис; бизнисот може да биде љубов “.

Двојката ги охрабрува сопствениците на мали бизниси да работат на начин во кој се чувствуваат најдобро и да биде автентичен, и велат дека клиентите ќе одговорат следствено.

“Ние сме проект за страст. Кога сте автентични, луѓето се автентични “, рече Лија. “Постои доверба во твојот ближен човек”.

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.