Кулинарски тајни на готвењето со вино

Gérald Cometto Photographe | Alsace et Alpes Maritimes | gecometto@hotmail.com | 06 52 03 62 89 | http://photographe.gerald-cometto.fr/

Се прашувате што да правите со некои вина што сте ги купиле по намалени цени? Или пак сакате некое подобро вино да го искористите во подготовка на некое вкусно јадење. Можам да ви помогнам тука: Едноставно е и се нарекува-  „гответе и печете со виното“. Веројатно не би сакале да готвите со некое скапо и старо вино. Но оние исти шишиња што ги добиваме и носиме од слава на слава и се менуваме како албум со самолепливи сликички, е тие може да ги искористите во кујната.

Кога мислам на виното, не мислам само на негова консумација во убава чаш. Мислам на кулинарски вештини и замена до одреден степен на виното со путерот, маргаринот, маслото. Веројатно сум необична во овој поглед, но јас всушност повеќе го користам виното во готвењето отколку што пијам со вечерата- вели Elaine Magee  – доктор за рецепти, како што ја нарекуваат.

Кога тргате настрана некои од маснотиите од храната, обично треба да додадете друга состојка за да ја замените изгубената влага. Еве неколку примери за тоа како виното може да го стори токму тоа:

  • Наместо да шржите зеленчук во купишта путер или масло, можете да ги заситите во помала количина масло, плус вино за вкус и влага.
  • Наместо да направите маринада со 1/2 чаша масло, намалете го маслото на 1/4 чаша и додадете 1/4 чаши вино.
  • Заменете ги 3/4 чаши масло во рецепт за торта, со 3/4 чаши бело или десертно вино во тестото.

Еве ги омилените начини на Elaine Magee да го користи виното при готвење:

  • Виното додава посебен вкус при готвењето на рибата. Длабоко пржената риба натопена во тартар сос, иако вкусна, ја побива целта на јадење риба од нутриционистичка гледна точка. Сите здрави нутриенти во рибата се уништуваат со длабокото пржење. Еден од начините да додадете вкус и влага на рибата без додавање масти, е да готвите со вино. Можете да додадете вино во тавата додека рибата се крчка, динстајте ја рибата со врело вино, или испржете ја рибата со лажица или две вино и печете ја на фолија.
  • Виното е одлична состојка во маринадите. Тоа во основа е кисел напиток (кој помага да се изедначи надворешноста на месото) и има многу вкус. Маринадата базирана на вино помага да се задржи влагата на месото и морски плодови при готвењето.
  • Виното може да помогне во динстање на храната. Додајте вино во садовите за готвење и ставете ја тавата во рерна или плотна на тивок оган. Зачинета заедно со храната,  виното додава вкус и влага.
  • Виното може да се користи и во печење! За одредени видови колачи, со користење десертно вино или шери наместо путер и маргарин. Не само што ја освежува тортата, туку додава и комплементарни вкусови.

Тајни на готвењето со вино

Подготвени да почнеме со експериментирање со вино? Еве неколку основи што треба да ги знаете.

1. Откријте ги деликатните вкусови на виното.

Бело вино: диња, јаболко, ананас, крушка, цитрус, ванила, карамела, маслинки и печурки
Црвено вино: бобинки, праски, рибизли, сливи, цреши, портокали, чоколада и кафе

2. Избор на сува наспроти слатка

Сувото вино има малку природни шеќери што остануваат, и обично содржи поголем процент алкохол. Спротивно на тоа, слатките вина содржат поголемо количество природен шеќер добиен од грозјето. Затоа, изберете го типот на вино во зависност од вкусот што го сакате во храната што ја подготвувате.

3. Танини и киселини

“Киселина” е термин кој се користи за опишување и на црвени и бели вина, и се однесува на остриот вкус во виното (нешто слично на сокот од лимон или оцет). Киселината може да помогне во извлекувањето на природните вкусови во благата храна, како што се рибите (затоа рибата често се служи со нешто кисело како лимонот). Танини обично се наоѓаат во црвени вина; овој збор се однесува на горчлив елемент во виното (слично на горчината што ќе ја најдете во силна чаша чај). Танините во црвеното вино добро се комбинираат со јадења со јак вкус како што е убав сочен стек или бифтек. “Танините дејствуваат како чистачи на непцата кога се спакувани во храна со протеини, како што е месото”, вели Маршал Риман, сопственик на винарска визба од Канзас Сити, М.

4. Каков вид на вино треба да се користи за да се подготви кој вид на храна?

Општо земено, се смета дека лесното вино оди најдобро со вкусна храна. Тоа значи дека виното со деликатно дегустирање може да биде добро во јако ароматизирано јадење.

Не плашете се да направите свој експеримент, но, генерално, месото со светло обоени меса, како пилешкото и рибите, се поврзани со светли вина (бели), додека темно обоеното месо, како што е говедско и свинското месо, се поврзани со темни вина ( црвени). Што е со “другото бело месо?” Можете да служите или црвено или бело со свинско месо, вели Риман. “Црвените вечерни вина одат добро со високо зачинета храна, како што се јадења од говедско месо, свинско месо, патка, гуска и тестенини, додека бели вечерни вина имаат тенденција да бидат во комбинација со јадења со пилешко, мисирки, риби, школки, шунка и телешко месо “, вели тој.

5. Размислете за подготовката

Риман вели дека е важно да се разгледа не само видот на месото, туку начинот на кој месото се подготвува при изборот на вино за готвење или служење на масата. На пример, на зачини што се тешки, обично им треба  потешко вино за да се спротивстави. Лесната храна или крем сос бара посуво, лесно вино.

6. Последната тајна за готвење со вино: Забавувајте се!

Слободно да експериментирате додека готвите или печете со виното. Бидете креативни и обидете се да измислите нови комбинации на вкус. И, откако сте создале нешто спектакуларно; не заборавајте да запишете како сте го направиле тоа!

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.