Топ 5 најскапи чаеви во светот

До сега, не го знаев ова, додека не почнав да го истражувам, но чајот е, всушност, најпопуларниот пијалак во светот. Мислам навистина најпопуларен. Тој се консумира повеќе од сите други пијалаци – тоа значи сода, алкохолни пијалоци, па дури и кафе – сите заедно. Размислете за Индија и Кина главно – тие луѓе ( скоро пола популација од планетата) го сакаат својот чај. За Англија и да не зборуваме.

Но да се вратиме на темата – најскапите чаеви во светот. Зошто ни е гајле? Па, можеби ќе бидете јаки бизнисмени еден ден или веќе сте, и ако сте љубител на овој напиток ќе прашате за некое вакво место можеби. Вие би можеле да им дадете само стари чаеви – но зошто да не ги послужите со шоља од 200 долари? И тоа не е дури и најскапиот чај на оваа листа!

Image result for expensive tea   Image result for expensive tea

На место број 5: Чај Жолто Злато

За околу 105 долари за 50 грама (околу 25 шолји), овој чај е толку скап како и некое убаво парче накит. Она што сакам да кажам е дека тие ги премачкуваат чајните лисја со вистинско злато – 24 карати – и очигледно тоа треба да го консумирате во вашето тело. Но, не грижете се, тоа не е само нетоксичен, всушност е прилично здрав. ( – Јас всушност не го пиев овој чај, но од сигурни извори ми кажаа дека е во ред да се консумираат мали количини златни снегулки.)

Yellow Gold Tea BudsСега, овој треперлив чај се продава само во Сингапур, па ако не сте од таму – или планирате патување таму во скоро време – можеби пак нема да имате среќа. Има само една планина во светот каде што овој чај се бере, и – за да стане уште поинтересна целата ситуација – тоа е само еден ден во годината. Само со специјални златни ножици и само од горниот дел од дрвото се бере. Тоа го прави повеќе загрозени од белата мечка! Јас се обидувам да дознаам кој ден од годината овие лисја се собираат, но никој не ми кажува. Тајната е поголема од онаа за вонземјаните. Мислев дека сите ќе летаме во Сингапур тој ден и ќе пиеме чајче. Изгледа нема.

 

 

 

 

 

 

 

Место број 4: Чај од измет од панда

Многу ги сакам пандите! Тие се толку слатки и мирни, претежно или спијат или се трапави повеќето од времето. О, и уште нешто што тие го прават многу од времето е одење по голема нужда. Во светот на чајот тие го нарекуваат измет, но тоа е навистина кака. Значи оваа изметка од пандите е тајна на овој посебен чај, за кој се вели дека се продава за околу 200 долари по филџан. Зошто луѓето пијат чај направен од животински измет? Неколку причини. Пандата јаде само див бамбус, и тие апсорбираат само околу 30% од хранливите материи од бамбусот. Тоа остава 70% хранливи материи во нивната кака, кој влегува во чајот. Да, тоа звучи гадно – па не размислувај за тоа многу кога го голтате овој чај. Вашето тело ќе го сака! А и притоа ќе мислите на тие 200 долари.

Но, чајот, всушност, не е направен исклучиво од измет на Панда. Тој е само наѓубрен, збогатен со тоа. Кинески претприемач во основа одлучил да го произведува ова чајно лисје во планините Јаан, Сечуан и ги ѓубри лисјата со измет на Панда. Луѓето го сакаа вкусот и му плаќаа многу пари за тоа. Ох, Кина.

Panda dung tea   Image result for panda dung tea

Местото број 3 го зазема Da Hong Pao чајот

Овој чај е легендарен, со тоа што датира уште од 18 век (Дао Гуанг Ера FYI), и се уште до ден денешен се зборува. Ние всушност зборуваме за премиум верзијата на овој чај – бидејќи постојат различни опции – но ова е најскапото. Така кинеската влада го продаде овој чај во 1998 година на аукција на највисокиот понудувач и доби 900.000 долари за неа. Тоа би значело де околу 1.250.000 долари треба да се одвојат за килограм. Овој чај е поскап од златото. Би сакал да го пробам, навистина би. Но, не мислам дека би било вредно за хипотеката што би требало да ја платам. Еден грам би ве коштал $1.400, но може да се најде и за околу $10.000.

Што е толку посебно за овој чај? Неколку кинески владини претставници го опишуваат чајот како богат цветен вкус кој се задржува во устата, дури и неколку минути по пиењето. Тоа е прилично уникатно за една чаша чај.

Da Hong Pao   Image result for Da Hong Pao

Местото број 2 го резервираме за Gyokuro

Овој чај е познат како Sencha,  јапонски зелен чај кој е направен без мелење на чајните лисја. Лисјата се навистина разгалени – тие се под сенка во последните две недели пред бербата, што помага да се зголемат амино киселините во лисјата, давајќи им послободен вкус и посебна арома. Овој чај се продава за околу 65 долари за 100гр., што го прави супер скап. Тоа е направено во округот Japans Uji, за кој планирам да одам еден ден, само за шанса дека ќе дадат попуст од 50% или нешто слично. Иако тоа сепак е преголем залак што би можел да си дозволам за една чаша чај. Дали би платиле толку за чај?

Image result for Gyokuro теа   Image result for Gyokuro теа   Image result for Gyokuro теа

Златниот медал, местото број 1 оди кај Tieguanyin

Ова е мајката на сите скапи чаеви, црешата на врвот, големата кахуна. Tieguanyin е најскапиот чај во светот, и, се разбира, доаѓа од Кина. За фантастична цена од 3.000 долари за килограм, при самата помисла за овој чај добивам некое несинхронизирано срце биење.

Таа е именувана по будистичко божество наречено Гуан Јин (Железната божица на милоста). Тоа е улонг чај, што значи дека неговата оксидација е некаде помеѓу црно-зелените чаеви. За среќа, за секој кој го купува овој скап чај, листот може да се приготвува до седум пати пред да го изгуби вкусот, па претпоставувам дека нејзината вредност е многу висока. Значи, зошто овој чај е толку уникатен? Ги носи петте сетила во игра со секој голтка:

– Глетката: Течноста е треперлива златна боја, а листовите се дебели и светли. Убаво!
– Звук: Листовите се дробат пред да бидат ставени во памучни кеси, правејќи совршен тон на ѕвонење кога го ставате во чашата.
– Мирис: Тој има посебна арома на костен кога се вари, што го прави уникатен меѓу улонг чаевите.
– Вкус: Богатиот вкус на овој чај ја исполнува устата и јазикот кога се врти во устата.
– Допир: самите листови се тешки и цврсти, крцкави на допир.

Image result for Tieguanyin   Image result for Tieguanyin

 

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.