Што всушност претставува медот

Мед? Хммм…Сте се запрашале ли некогаш што всушност е медот и што внесувате во организмот ? Некои медот секојдневно го внесуваат. Некои само при настинки со чај. На некои (мене) чоколадото им е во глава. Фактот е дека природата нема создадено нешто поздраво и секој продукт создаден од пчелите заслужува ззлатен медал.

Што е мед?

Чиста течност која пчелите работнички ја собираат како нектар од различните цветови. Нектарот е 80 до 95 проценти вода и 5 до 20 проценти сахароза (обичен шеќер). Додека пчелата го транспортира нектарот назад во кошница, во нејзиниот стомак се случуваат метаболитички процеси. Протеинскиот ензим инвертаза, ја разложува сахарозата во два прости шеќери, фруктоза и гликоза.

Младите пчели назад во кошницата, ја отстрануваат водата од шеќерот со употреба на два методи. Тие го носат нектарот од пчела на пчела и ја “пијат” водата од него со тоа што ја апсорбираат преку стомачниот ѕид. Втората метода е со создавање топлина и проток на воздух во кошницата, летајќи во место, со што ја испаруваат водата од нектарот кој е зачуван во отворени келии.

Кога поголемиот дел од сахарозата е претворена во фруктоза и глукоза и доволно вода е дехидрирана од мешавината со приближно 17,8% содржина на вода, имаме вкусна леплива мешавина, наречена мед!

Откако ќе се направи медот, пчелите го покриваат со пчелин восок за да ја одржат содржината на мала влага.

Image result for about honey

Обработка на медот

Пред многу години, пчеларите го смачкуваа саќето за да добијат течен мед! Овој метод на обработка произведува далеку помалку мед бидејќи без саќето, пчелите се приморани да изградат ново при што трошат време и ресурси, наместо да прават повеќе мед. Пчелите консумираат 7 килограми мед за да произведат 1 килограм пчелин восок. Со измислувањето на центрифугалниот екстрактор, на пчеларите им дозволило да “изгребат” или ” исечат парче”  тенок слој восок од површината на саќето каде потоа го вртат медот користејќи центрифугална сила. Интегритетот на саќето се одржува, а пчелите имаат далеку помалку работа да за да ги поправат пукнатините од саќето.

Целото саќе е достапно за луѓето кои сакаат да уживаат во медот целосно недопрен од човечки раце. Се сече еден мал дел и се џвака со што медот се осеќа во устата. После 15 минути восокот се разложува во устата, но повеќето луѓе го отфрлаат џваканиот восок како што би гума за џвакање.

Најголемиот број луѓе преферираат течен мед, па затоа тој се отстранува од саќето и се собира како течен. Свежо извлечениот мед содржи делови од восок. Медот може да се исчисти со тоа што ќе одлежи ден два во резервоарот, или ако сакаме да го убрзаме процесот, тогаш користиме пумпање преку филтер.

Сорти на мед

Image result for about honey

Вкусот, бојата, текстурата и аромата на медот зависат од тоа од кои растенија пчелите го собираат нектарот. На пример медот собран од цветот на боровинките има темно килибарна боја, и вкус на кафен шеќер. Медот од малина има посветла боја и во устата се осеќа овошен вкус, а медот од елда е речиси црн по боја со лут мирис и вкус. Во основа темниот мед има поголема нутриционистичка вредност од светлиот.

Постојат илјадници цветни растенија во светот кои произведуваат нектар, со што се обезбедува потенцијал да има илјадници видови мед. Дивите цвеќиња претставуваат мешавина на цветни растенија и варираат во боја и вкус во зависност од регионот и сезоната.

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.