11 одржливи факти за земјоделието

Земјоделието како гранка се наоѓа во многу деликатна моментална положба. Битката се води на светско ниво и во неа се засегнати органското производство и зачувувањето на природата од една страна и индистриското земјоделско производство кое е сосема обратно од првото.

Глобалното движење www.DoSomething.org, во кое има над 5,5 милиони млади луѓе, имаат една единствена цел, цел да прават позитивни промени, онлајн и надвор од мрежата! Тоа е дигитална платформа која е стационирана во САД и се разбира раширена во уште 131 држава низ светот во која младите луѓе не зависно кој во која област се наоѓаат, помагаат на луѓе на кои им треба помош или пак на идеи што се за општ добробит на човештвото. Ние овде ќе ги разгледаме 11-те факти кои се поврзани со земјоделието и иднината и насоката во која се движи моментално оваа гранка. Откако ќе научите нешто, направете нешто! Дознајте како да преземете акција, можеби и ке ви дојде идеа како нештата да се променат на подобро кај нас

Image result for sustainable farming

1. 40% од денешното глобално население работи во земјоделието, што го прави единствен најголем работодавач во светот.

2. Одржливото земјоделство е отфрлање на индустрискиот пристап кон производството на храна ( фабрички фарми). Тој  интегрира три главни работи: еколошкото здравје, економската профитабилност и социјалната и економската еднаквост.

3. Еколошката и социјалната цена на индустрискиот пристап е: ерозија, уништување на шумите, осиромашени и контаминирани почвени и водни ресурси, губење на биодиверзитетот, злоупотреба на трудот и уништување на семејните фарми.

4. Концептот на одржливо земјоделство опфаќа широк спектар на техники, вклучувајќи и органско производство, со низок внес, холистички и биодинамичен пристап.

5. Со овој вид на одгледување не се потребни хемиски пестициди или ѓубрива, разновидноста на културите е поттикната, а врнежите обезбедуваат вода за наводнување.

6. Органското земјоделие обично бара 2,5 пати повеќе труд отколку конвенционалното земјоделство, но дава 10 пати повеќе профит.

7. Органските прехранбени производи забележаа стапка на раст од 7,7% во 2010 година, во споредба со 2009 година. Органската храна е речиси 4% од сите прехранбени производи што се продаваат во САД.

8. Спротивно на тоа, 88% пченка и 94% од соја биле генетски модифицирани во 2011 година. Овој број беше помал за 20% во 1996 година. Денеска согледувајќи ја ситуацијата, се повеќе се оди на органско производство.

9. “Здрава” почва е важна компонента на одржливоста. Методите за подобрување и заштита на продуктивноста на почвата вклучуваат користење на покривни култури, компост / ѓубриво, избегнување на сообраќај на влажни почви и одржување на почвен покрив со растенија – мулч.

10. Целта на одржливи земјоделци е да се развијат ефикасни, биолошки системи кои немаат потреба од високо ниво на материјални вложувања или штетни хемикалии. На тој начин земјоделието ќе биде во корелација со природата, а знаеме оној кој е на страната на природата е секогаш во добивка.

11. Постојат 4 клучни цели за одржливост: ги задоволуваат човечките потреби за храна и придонесуваат за потребите на биогоривото. Подобрување на квалитетот на животната средина. Одржување на економската одржливост на земјоделството. Подобрување на квалитетот на животот на земјоделците, земјоделските работници и општеството во целина.

Antonio Momiroski
Antonio Momiroski
Магистер по земјоделски науки. Голем љубител на природата и науката.